Робот.
Глеб ФјодоровПрограмата за посета на Петрозаводск Владимир Путин ја почна со запознавање со роботот Руслан. Роботот кој беше составен за три недели и кој доби софтвер направен за него за три дена може да врти со глава и да ги движи рацете. Не личи многу на човек, па дури и на терминатор, но затоа, како што велат неговите креатори, може да го замени човекот на места каде што е опасно живо суштество да престојува, пишува „Комсомолскаја правда”.
„Сферата на примена на овој робот е секоја токсична средина каде што постои опасност по животот“, објасни директорот на „Сајбер-Русија” Роман Поволоцки. „Тоа е резултат на образовната програма, децата да направат од ништо нешто“.
Од другите проекти на Агенцијата за стратешки иницијативи рускиот претседател ја виде „продавницата за точни решенија“, која нуди готови решенија за регионите. Корисникот на екран може да избере кој проблем го измачува, а програмата бара начин за негово решавање. На Путин му беше покажан и рускиот „часовник“ кој компензира недостиг на сончева светлина и витамин Д.
Претседателот на Русија потоа се состана со претставници на непрофитни невладини организации со социјална ориентација, хуманитарните фондови и волонтерското движење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче