Метеж меѓу терористите: Русите го испратија во Сирија најновиот „снајпер“ со голем калибар

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Експерт нагласува дека рускиот систем „Корнет-Д“ може со екстремна прецизност да ја погоди својата цел на далечина и до 10 км. Пробојноста на тандем-кумулативната боева глава е огромна и изнесува речиси метар и половина на хомогена челична плоча, или неколку метри армиран бетон густо преплетен со бетонски шипки. Значи, оваа ракета може да ги пробие сите типови основни борбени тенкови кои денес се наоѓаат во вооружувањето на армиите во светот.

Со вакво мислење настапи воениот експерт Андреј Кошкин. Според неговите зборови, се работи за последната верзија на противтенковскиот ракетен систем „Корнет“ кое е можеби и најдоброто орудие на светот. Тоа располага со таква технологија на гаѓање која е способна многу лесно и прецизно да уништи секаква цел. Информациите кои ни доаѓаат од теренот од страна на локални арапски извори укажуваат на тоа дека припадниците на сириската армија во борба ја користат најсовремената верзија на системот „Корнет-Д“. Како еден од основните докази дека токму оваа верзија на „Корнет“ е присутна во Сирија е уништувањето на едно преработено пикап возило кое е наводно уништено од далечина поголема од 7000 метри (класичната верзија „Корнет-Е“ има максимален дострел до 5500 метри). Оваа верзија речиси во сите свои параметри е подобра од сличните системи кои денес се користат во светот.

Експертот нагласува дека рускиот систем „Корнет-Д“ може со екстремна прецизност да ја погоди својата цел на далечина и до 10 км. Пробојноста на тандем-кумулативната боева глава е огромна и изнесува речиси метар и половина на хомогена челична плоча, или неколку метри армиран бетон густо преплетен со бетонски шипки. Значи, оваа ракета може да ги пробие сите типови основни борбени тенкови кои денес се наоѓаат во вооружувањето на армиите во светот. Покрај ракетите кои се опремени со кумулативни боеви глави, во арсеналот на овој систем можат да се најдат и ракети со распрскувачко-разорни и термобарички боеви глави.

Рускиот ракетен комплекс „Корнет“, а особено неговата последна модификација со ознаката „Корнет-Д“ значително ја зголемуваат вкупната тактичка ефикасност на копнените единици во напад, но и во одбрана. Не постои цел кој оваа 152-милиметарска ракета не може да уништи. Заедно со операторите на сириската армија, на теренот се наоѓаат и руски специјалисти кои се посебни корисни на планот на обуката за примена на овој систем. Квалитетот на нивната обука е таков што Сиријците практично не ги промашуваат своите мети кога дејствуваат со „Корнет“. Се разбира, во голема мера за тоа е заслужен и системот за управување со ракетата, кој се состои од оптички уред и ласерски маркер на целта, преку чиј сноп ракетата се наведува на целта.

Прочитајте повеќе: Турците воодушевени од рускиот систем 9К135 Корнет-Е