Вооружените сили на Русија успешно ја завршија етапата на тестирање на најновиот противтенковски ракетен систем „Корнет“, пишува весникот „Известија“.
Системот може со подеднаков степен на ефикасност да неутрализира цели како на земја, така и во воздух, вклучувајќи ги и тешките за откривање и напад беспилотни летала.
Технолошката идеја на „Корнет“ се состои во тесната врска со „паметната“ лансирна рампа и „глупавата“ брзина и сила на ракетата. Лансираната рампа ја „маркира“ метата со ласерски зрак, додека главата за самонаведување на ракетата е во состојба да го „види“ тоа. Благодарение на автоматското следење на целта, метата ќе биде маркирана со ласерскиот зрак сѐ додека не биде уништена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче