„Кортеж“ против „Ѕверот“: „Њузвик“ ги спореди лимузините на претседателите на Русија и САД

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новинарите на познатиот американски неделник „Њузвик“ (Newsweek) ја споредија лимузината од проектот „Кортеж“ на претседателот на Русија Владимир Путин со „Кадилакот“ на претседателот на САД Доналд Трамп.

Според зборовите на авторот на статијата, Владимир Путин и Доналд Трамп ги спојува „истата љубов спрема врвни автомобили“.

Во текстот се истакнува сличноста на новиот Путинов автомобил, лимузината од проектот „Кортеж“, со луксузните модели како што се британскиот „Ролс-Ројс Фантом“ и „Ролс-Ројс Гоуст“, како и дванаесетцилиндричниот мотор на руското возило, повеќепати посилен од моторот V8 со кој е опремен Трамповиот „Кадилак“.

Автомобилот на американскиот претседател, познати и како „Ѕвер“, е потежок 1,5 тони од „Кортеж“, но тешко дека заостанува зад него во модерните комуникациски технологии и заштитата.  

Како што се наведува, Трамп летово би можел да добие нов „Ѕвер“, за чиј развој се издвоени 15,8 милиони долари, па така авторот на тестот заклучува дека Русија нема уште долго да биде пред Америка.

Владимир Путин првпат ја користеше руската лимузина од проектот „Кортеж“ на 7 мај кога во ова возило пристигна на претседателската инаугурација во Големиот Кремљовски дворец.

Прочитајте повеќе: Се појавија првите фотографии од внатрешноста на седанот „Кортеж“