Апаратот „Луна-Глоб“. Извор: Press Photo.
Началниците од космичката дејност неодамна изјавија дека Русија ќе ја освојува Месечината. Најпрво за тоа зборуваше претседателот на Роскосмос Владимир Поповкин, а потоа вицепремиерот Дмитриј Рогозин. Колку сериозно се разгледуваат месечинските бази од страна на специјалистите?
Секако, најпрво како цел во космосот треба ни биде месечината. Фактички, тоа е космички континент на Земјата. Сметам дека во дваесет и првиот век ќе започне нејзиното освојување. Ќе се изградат месечински бази, онака како што сега постојат бази и станици на Антарктикот.
Да споменеме дека ние имавме два луноходи на Месечината, кои оттаму ни донесоа почва. Сознанијата од советскиот период не се изгубени, и она што можеле да го направат нашите претходници, ние можеме одново да го создадеме.
Во руската програма засега постојат две програми кои се однесуваат на Месечината, а тоа се „Луна-Глоб“ и „Луна-Ресурс“. Во која фаза се сега тие?
Фактички ние создаваме вакви „алатки“ за проучување и за освојување на Месечината. Се предвидува донесување почва од месечинскиот пол и да се спореди истата со оние мостри што беа донесени во минатиот век од пределите со поумерена ширина.
На почетокот на оваа година во концепцијата на проектите се случија измени, поврзани со анализа на неуспешно лансираниот апарат „Фобос-Грунт“. Лекцијата е научена. Деновиве завршивме со испитување на технолошките мостри на приборите за слетувачките модули и наскоро ќе преминеме на комплексно испитување.
Во 2015 година треба да се случи лансирањето на апаратот „Луна-Глоб“ на Месечината, во 2016 ќе се врши истражување од орбитата, а во 2017 година лансирање на потешкиот апарат „Луна-Ресурс“ во пределот на јужниот пол. Фактички ние создаваме вакви „алатки“ за проучување и за освојување на Месечината. Се предвидува донесување почва од месечинскиот пол и да се спореди истата со оние мостри што беа донесени во минатиот век од пределите со поумерена ширина.
Се разгледува можноста за добивање почва од длабочина од околу два метра. Притоа, ние треба да го сториме на тој начин, што нема да ги изгубиме материите што летаат. Таму може да има вода.
Научно-производственото претпријатие „С.А. Лавочкин“ го има проектот „Месечински полигон“ – роботизирана проширена база. Се разгледува ли сè уште таа како следен чекор?
Јас зедов учество во разгледувањето на тој проект. Тоа е нашата перспектива... Своевремено добив една добра лекција за тоа како работел Корољов. Тој се обидувал секој проект да го направи скалило кон следниот проект. И концепцијата на полигонот е она кон што треба да се стремиме, да ги реализираме сегашните проекти. Така на пример, на апаратот од 2015 година ќе биде поставена радиокула, која ќе работи и откако апаратот ќе ја заврши својата работа.
Потоа на тоа место ќе дојдат роботи за обезбедување енергија. Доколку видиме можност за добивање вода, тогаш ќе испратиме автомати за црпење вода и за добивање кислород и водород од неа...
Кога избираме место за слетување, ги земаме предвид потенцијалните погодности за понатамошно развивање на инфраструктурата. И првиот минимален придонес во неа се радиокулите. Доколку местото на слетување се покаже интересни, таму веќе ќе може да се испрати потежок луноход за земање почва.
Потоа на тоа место ќе дојдат роботи за обезбедување енергија. Доколку видиме можност за добивање вода, тогаш ќе испратиме автомати за црпење вода и за добивање кислород и водород од неа...
Не е ли подобро сега да се вложат средства за разработка на поевтини средства за лансирање на орбитата и дури потоа да се мисли за месечинските бази? Сега засега тоа се чини многу скапо.
Јас со сите сили се обидувам да се борам со стереотипите дека тоа е скапо. Секако, програмата треба да се формира, земајќи ги предвид трошоците. Не е задолжително да се прави месечинска трка, како што беше тоа случај во шеесеттите години од минатиот бек, кога беа лансирани неколку апарати едно по друго, кога се стрелаше со ракети како од шмајзер. Но, треба да запомниме дека првите проекти за кои јас зборувам, чинат околу 10 милијарди рубли (325085000 американски долари). Доколку зборуваме за амбиции, оваа сума е смешна. Исто така е важно да се разбере дека тие пари не одлетуваат на Месечината. Тие остануваат тука во вид на инфраструктура, работни места, нови материјали.
Сите веќе заборавија дека, на пример, Интернетот е еден од производите на програмата „Аполон“. Технологијата се појави по природен пат за потребите на оваа програма. Сега Месечината никому не му е потребна, но кон крајот на векот може да се случи дека сите ќе сакаат да бидат присутни на неа. Тоа веќе се случи со Арктикот, а сега тоа се случува и со Антарктикот. Ако погледнеме реално, од која земја ќе бидат жителите кои, најверојатно, први ќе се најдат на Месечината во 21 век?
Мислам дека ова прашање е светско. Сметам дека би било правилно доколку меѓународната станица на јужниот пол на Месечината биде следниот меѓународен проект по МКС. И тогаш повеќе нема да биде важно чија нога прва ќе стапне на површината на сателитот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче