Дали амбициозниот план за истражување и населување на Месечината од страна на руската космичка агенција може да донесе и економска корист? Извор: Getty Images / Fotobank.
Кога директорот на руската космичка агенција „Роскосмос‘‘, Владимир Поповкин, го изнесе планот на Русија за освојување на Месечината до 2030 година, никој не можеше да остане рамнодушен, како заради амбициозните технолошки аспекти на проектот, така и заради неговата финансиска страна.
Вредноста на десетогодишната подготовка и испраќањето на првата експедиција на Месечината би требало да изнесува околу 500 милијарди рубли (17 милијарди долари). Сегашниот годишен буџет на „Роскосмос‘‘ не преминува 120 милијарди рубли (4 милијарди долари), што значи дека за реализација на „Месечинската програма‘‘ ќе мора да биде зголемен за речиси 50%. Уште повеќе, доколку биде усвоена програмата за „опсежни истражувања на Месечината‘‘, која подразбира основање постојана база на земјиниот сателит, буџетот на агенцијата ќе мора да се зголеми за најмалку шестпати.
Толкавото зголемување на трошоците бара мошне сериозно образложение: каква корист може да има Русија од враќањето на Месечината?
„Месечинска програма“ на Русија
Извор: www.federalspace.ru, www.laspace.ru.
Спуштањето посада на Месечината само по себе никому не му е потребно. Поминаа повеќе од 40 години откако тоа го направија Американците, па тоа денес тешко може да биде причина за издвојување на толку голема сума од државната каса. Освен тоа, научната програма за истражување на Месечината денес во целост ја опслужуваат беспилотни апарати од разни земји. Во таа област Русија има свои проекти – кон средината на оваа деценија се планира лансирање на апаратите „Луна-Глоб‘‘ и „Луна-Ресурс‘‘. Еден од резултатите на овие мисии треба да биде враќање на Земјата на капсула со „влажни‘‘ мостри од тлото од поларните области на Месечината.
Доставувањето на споменатите мостри од тлото на Земјава може да послужи како птстрек за развој на посериозна програма. Веќе е доажано дека во поларните области на Месечината постојат големи количества мраз, што значително го олеснува потенцијалното инсталирање на постојана база на ова небесно тело. Иако нема атмосфера, Месечината може да ја снабдува базата со кислород, кој во хемиски врзана состојба се наоѓа на месечинското тло, каде неговата концентрација достигнува 40%. Оваа околност ги намалува трошоците на „Месечинската програма‘‘ толку многу, што самата програма сега повеќе не е недостижна, ами „само‘‘ е многу скапа.
Еден од аргументите во полза на Месечината е и можноста таа да стане отскочна штица за лет на Црвената планета. Помалата гравитација на Месечината значително би го олеснила стартот на тешкиот брод кој би можел толку далеку (до Марс и назад) да носи релативно голема експедиција (6-7 луѓе) со сета неопходна опрема. Постојаната база би овозможила создавање своевидно „вселенско бродоградилиште‘‘ на Месечината, каде таков брод би бил монтиран од блокови донесени од Земјата. Експедицијата би можела да се врати на Месечината, а потоа на Земјата со друг брод, кој би ги чекал на месечинската база. Покрај оваа можна е и друга примена на месечинската база. Месечинското тло во големи количества (во однос на Земјата) содржи изотопи на хелиум, хелиум-3.
Се смета дека фузиската нуклеарна реакција помеѓу хелиумот-3 и деутериумот е перспективна замена за реакцијата помеѓу деутериумот и трициумот (двата изотопа на водородот). Вторава им е добро позната на научниците и се користи во термонуклеарните процеси. Термонуклеарната иднина може да се засновува на големите можности на хелиум-3.
Ако на енергетичарите навистина им тргне од рака да направат продор во областа на термонуклеарните реакции, тогаш Месечината може да стане практично бесконечен рудник на енергенси за човештвото, и тогаш нејзиното освојување нема повеќе да биде само потреба на апстрактната наука, ами сосема конкретна економска задача која ќе се решава со помош на средствата на најгАко енергетичаримаолемите енергетски корпорации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче