Руското Министерство за одбрана: Некои земји работат на проекти за прикривање на нуклеарни експлозии

Global Look Press
Руските воени експерти на полето на контрола на нуклеарни тестирања истакнуваат дека во некои земји се работи на проекти за криење на нуклеарни експлозии. Затоа Русија развива методи за откривање на такви настани. Ова го соопшти началникот на Службата за специјална контрола на Министерството за одбрана на Русија Игор Токарев во интервју за РИА „Новости“.

Токарев потсетува дека, со оглед на Договорот за забрана на тестирања на нуклеарно оружје во атмосферата, вселенскиот простор или под вода, земјите кои имаат нуклеарно оружје ги вршат испитувањата единствено под земја, што може да се детектира само со средства за сеизмолошко набљудување.

„Тајно изведување на ваквите тестирања е технички поедноставно, постојат напори во оваа насока и непрекинато се усовршуваат“, рече Токарев.

Тој објасни дека, меѓу другото, се користат и можности како што се користење на минималната сила на нуклеарната експлозија, голема длабочина на која се поставува нуклеарниот експлозив и испитување на геолошките структури кои го намалуваат интензитетот на сеизмичките бранови.

Според неговите зборови, тестирања можат да се вршат и на подрачја кои се сеизмички активни, каде поради природните тектонски процеси, како што се земјотресите и вулканите, научниците пред сѐ треба да работат на препознавање на вистинските причини за потресите.

Токарев додава дека Научноистражувачкиот центар за специјална контрола работи на унапредување на научните методи за контрола на нуклеарните испитувања.

Погледнете го тестирањето на советската хидрогенска бомба во 1955 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња