На полигонот на механизираната пешадиска бригада на Северната флота во Мурманската област е испробано новото теренско возило ГАЗ-3344-20 „Алеут“ за снег и мочуришта. Како што за „Росијскаја газета“ изјави началникот на информативната служба на Северната флота, капетан прва класа Вадим Серга, возилото покажало висока проодност, големи маневарски можности и едноставност во управувањето.
Овој дводелен повеќенаменски тегнач може да работи на крајно ниски температури - до -50 степени Целзиусови. Во првиот дел на возилото е погонскиот модул. Во него може да собере 5 члена на екипажот вклучувајќи го и возачот, додека вториот дел може да се преуреди во патнички модул и да прими 15 војници. Исто така може да се преуреди во кола за спиење, медицинска амбуланта или команден пункт. Возилото може да носи 2500 кг корисен товар. За ракување со теренското возило ГАЗ-3344-20 „Алеут“ се обучени и војниците на редовно отслужување на воениот рок и професионалните војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче