Автомобилите ги заобиколуваа пречките и се престројуваа од лента во лента, успешно препознавајќи ги сообраќајните знаци, се наведува во соопштението.
Министерство за сообраќај на РФ
Операторите задолжени за контрола на тестирањето не седеа зад воланот, туку на патничките седишта. Во својство на контролор беше и вршителот на должноста министер за сообраќај Максим Соколов, пренесуваат руските медиуми.
Министерство за сообраќај на РФ
Руското министерство за сообраќај најави и пуштање во сообраќај на Кримскиот мост за патнички автомобили и автобуси кон крајот на мај, додека возењето по најдолгиот мост во Русија и Европа за товарни возила ќе биде дозволен наесен.