Извор: flickr.com/willie lee.
Институтот за хемиска биологија и базична медицина во Новосибирск неколку години работеа со матичните клетки. Потребно беше да се направи препарат што ќе може да го замени повреденото ткиво на зглобовите. Научниците успеале да создадат биосинтетички протези за замена на аортата. И ова е вистинско достигнување.
Синтетичките протези одамна се користат во современата медицина, вклучително и во кардиологијата. Но, биосинтетичките органи и ткива кои се добиени од живи клетки се новина. И таа има сè поголема перспектива.
Организмот многу полесно го прифаќа биовештачкиот материјал, особено ако е создаден од клетките на самиот пациент.
По пресадувањето на синтетичкиот имплант и на донаторските органи мошне често имаше компликации. Човечкиот организам можеше да го отфрли туѓото ткиво. Организмот многу полесно го прифаќа биовештачкиот материјал, особено ако е создаден од клетките на самиот пациент. Ова, пак, значи дека компликациите за време на една ваква трансплантација се сведуваат на минимум. Освен тоа, организмот многу полесно се навикнува на „својот“ имплант.
Научниците од Новосибирск пред неколку месеци пресадија биовештачки имплант на лабораториски глушец. Оттогаш неговиот организам функционира без грешка.
Постои можност за создавање банка на вештачки органи, а тоа значи дека во иднина човекот ќе може да го „поправи“ своето тело.
Научниците тврдат дека овие протези ќе имаат широка примена за неколку години. Постои можност за создавање банка на вештачки органи, а тоа значи дека во иднина човекот ќе може да го „поправи“ своето тело: да ги замени повредените органи со нови органи кои се направени од неговите клетки. Тоа ќе реши многу проблеми во геронтологијата, а најважно е дека со ова ќе се реши големиот проблем со недостиг на донаторски органи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче