Кога Сирија ќе добие руски системи С-300?

Виталиј В. Кузмин
Сирија ќе може да се вооружи со С-300 штом ќе руските власти ќе ги одобрат испораките на овие противвоздушни системи, пишуваа руските медиуми на 27 април.

„Рособоронекспорт“ изрази подготвеност да ѝ испорача на Сирија руски системи за ПВО и ПРО.

„Доколку таква одлука биде донесена од руското раководство, „Рособоронекспорт“ ќе направи договор, а „Алмаз Антеј“ успешно ќе ги произведе и испорача наведените системи. Нема никакви проблеми“, изјави директорот за меѓународна соработка на „Ростех“ Виктор Кладов. Според неговите зборови, тоа е сериозна одлука, па затоа може да биде донесена единствено од раководството на земјата.

Странските медиуми брзо пренесоа дека наводно С-300 се веќе доставени во пристаништето Тартус. А Израел дури и се закани со ракетен напад врз локацијата на која се распоредени.

Договорот за испорака на противвоздушни ракетни системи С-300ПМУ-2 на Сирија е склучен пред осум години. Меѓутоа, во 2012 година неговата реализација беше запрена поради санкциите.

Во овој момент Сириската Арапска Република во своето вооружување има застарени советски системи за противвоздушна одбрана. Тоа се ЗРПК „Панцир С1“, ЗРК „С-75“, Ц-125, „Квадрат“, „Бук“-М2Э и С-200.

Меѓутоа, дури и тие при неодамнешниот напад на САД и нивните европски сојузници врз Сирија покажаа способност добро да ја заштитат земјата од ракетни напади.

Прочитајте повеќе: Сиријците го претставија оружјето со кое ги соборуваа крстосувачките ракети на нападот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња