Почна изградбата на првиот стратешки ракетоносач Ту-160М2

Слободан Ѓукиќ
Компанијата „Tуполев“ ја почна изградбата на првиот стратешки ракетоносач Ту-160М2, изјави генералниот директор на ова претпријатие Александар Коњухов.

Првиот примерок на авионот Ту-160М2 веќе се гради, изјави Коњухов и притоа објасни дека Ту-160М2 е апсолутно нов авион, а Ту-160М е модернизација на авионот во системот на воздухопловните сили.

Според зборовите на директорот „Туполев“, летечките тестирања на новата модификација на стратешкиот ракетоносач Ту-160М2 ќе се вршат паралелно со тестирањето на авионот Ту-160М.

„Летечките тестирања на Ту-160М ќе почнат следната година и ќе траат до 2021“, рече Коњухов.

Тој додаде и дека ефикасноста на новата модификација ќе биде зголемена за 60% и дека руската војска до 2030 ќе има обновен парк на стратешки бомбардери составен од авионите Ту-160М2.

Според државниот договор меѓу Министерството за одбрана на РФ и компанијата „Туполев“, на војската во првата партија ќе ѝ бидат испорачани десет авиони Ту-160М2 во вредност од 15 милијарди рубли по примерок. Во исполнувањето на договорот ќе бидат ангажирани сите капацитети на фабриката до 2027 година, пренесуваат медиумите.

Ту-160 е надзвучен стратешки ракетоносач-бомбардер со променлива геометрија на крилата развиен во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Наменет е за уништување на најважните објекти во длабоката позадина на противникот со нуклеарно и конвенционално оружје. Поради својот складен изглед и белата боја овој авион во Русија е познат како „Бел лебед“ (според НАТО кодификацијата „Блекџек“ (Blackjack)).

Прочитајте што велат западните медиуми: Рускиот Ту-160 е „најстрашниот кошмар на НАТО“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња