Новитет се разликува од стандардната верзија пред сѐ со зголемениот клиренс (оддалеченоста од тлото) од 203 мм, додека на долниот дел на каросеријата се изведени заштитни пластични надградби. Внатрешноста на возилото е дизајнирана во светли бои.
Во просторот под хаубата не треба да се очекуваат никакви промени. Lada Vesta Cross ќе биде опремена со веќе познатите бензински мотори со запремнина од 1,6 и 1,8 литри кои развиваат 106 односно 122 коњски сили. Во понудата ќе биде петстепен мануелен менувач или автоматски менувач со пет брзини.
Производството на овој модел треба да почне до крајот на оваа година, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче