Руски научници патентираа „електронски нос“

Студенти во лабораторија.

Студенти во лабораторија.

Shutterstock/Legion Media
Патентираниот уред овозможува со висока точност да се препознае мирисот.

Научниците од Високата школа за економија развија уред кој идентификува мириси. Благодарение на технологијата на невронски мрежи тој е способен да памти нови ароми. Патентот за пронајдокот е веќе регистриран.

Сензори за гас има во доволен број, но сите тие се конфигурирани да препознаат само еден посебен мирис. Владимир Кулагин, кој го измисли „електронскиот нос“ - уред за утврдување на квантитативниот и квалитативниот состав на мешавина од гасови, раскажува: „На пример, рударите имаат сензори за метан, и кога се појавува тој гас, уредот јасно го регистрира и му јавува за опасноста. Но, штом сензорот ќе треба да детектира мешавина на гасови, тогаш проблемите започнуваат: уредот ќе го издвои метанот од мешавината, а другите гасови не ги „гледа“. А многу често настанува ситуација кога токму мешавината од гасови претставува опасност“.

Разработката на научниците од Лабораторијата за вселенски истражувања во сферата на технологијата, системите и процесите на НИУ ВШЕ е единствена благодарејќи на тоа што овозможува со висока точност да се препознае супстанцијата. Работењето на уредот е компатибилно со работата на органите за чувство на живите суштества, кои ги запомнуваат новите мириси и, откако повторно ќе се сретнат со нив, лесно ги разликуваат.

Новиот уред може да „улови“ некој мирис и, доколку уредот не го препознае веднаш, вештачката интелигенција започнува пребарување на најблискииот мирис во базата на податоци. Ако мирисот не е во базата на податоци, тогаш невронската мрежа го става новиот мирис во базата на податоци.

Со помош на „електронскиот нос“ научниците сакаат да вршат мониторинг на состојбата на околната средина. Тие, исто така, претпоставуваат дека уредот може да се користи за да се заштитат луѓето и објектите од терористички закани, при катастрофи предизвикани од човечки фактор и во многу други области, пренесува „Индикатор.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња