МТУ-90М
Виталиј В. КузминВаква техника е користена во текот на офанзивата на подрачјето на Деир ез Зор, како и во масовната операција против терористите во Источна Гута. Во околината на Дамаск јуришните единици наидоа на значителен број канали пошироки од тенкот Т-72. Како по правило, тие пречки беа полни со вода.
Затоа напред се испратени тенкови-носачи на мост. Но, техниката на база на тенкови со средна тежина Т-55 под називот МТУ-20, за жал, се покажаа како застарени со слабата оклопна заштита според современи мерила, која не може да одолее ниту на противтенковски средства од претходните генерации. Освен тоа, се покажа дека и самите мостови не се доволно сигурни. Затоа едно од таквите инженериски возила беше загубено, што уште во почетната фаза спречи нападот да се развие.
Според мислењето на воените експерти, сѐ би било поинаку доколку на местото на ветеранот МТУ-20 е применет современиот тенк-носач на мост МТУ-90М, произведен во Омск на база на основниот руски воен тенк Т-90 со противминска заштита.
Должината на мостот е 20 метри. Во конструкцијата место алуминуим, кој се покажа лошо, се користи специјален челик. Носивоста изнесува 60 тони. Времето на поставување е 2,5-3 минути. Максималната брзина на движење е 60 км/ч/. Екипажот го сочинуваат две лица. МТУ-90М по налог на министерот за одбрана е примен во состав на Вооружените сили на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче