Сибирско хибридно чудовиште: Автомеханичар „вкрсти“ „Лада Ока“ и „Камаз“

YouTube
Според пишувањето на локалните медиуми ова не е првиот теренец кој автомеханичарот Александар Јуткин го склопува според своја визија.

Опишувајќи се себеси како страстен рибар, автомеханичарот од Новосибирск, како што вели, го склопил теренецот од делови на автомобил „Лада Ока“ раководејќи се според сопствените потреби. Тврди дека автомобилот може непречено да се движи и во најлоши услови и тоа со мошне голема брзина.

Теренецот на Јуткин е хибрид настанат со вкрстување на „Ока“ и „Камаз“. Автомобилот има каросерија, трансмисија, погон и главчине точка, стандардни за компактен хечбек, при што некои делови на шасијата се заменети со јапонски, а тркалата се земени од „Камаз“, пренесуваат руските медиуми.

Погледнете како еден Русин од „Лада Нива“ направи „монструм” возило

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња