Според информациите што ги објави профилот на „Твитер“ War Time, кинеските борбени бродови кои се наоѓаат во Средоземното море добиле наредба, во случај на воена ескалација во овој дел на светот, да се стават под команда на руската Воена морнарица. Ова практично значи дека евентуалниот американски удар врз цели во Сирија нема да може да помине без активно учество и на Војската на НР Кина.
Disruptive Signal@disruptivesigna
— WarTime (@NEWZWARZ) 10 April 2018
1 hour ago
Chinese warships in the Mediterranean are ordered to join the Russian navy in the event of a massive attack on Syria pic.twitter.com/bS08rYFIWq
Истиот извор ја објави и информацијата дека Црноморската флота преминала во режим на полна борбена готовност, како и добар дел од единиците кои во својот состав имаат стратешки бомбардери. Имено, според тие наводи, од руската авиобаза Моздок полетала група бомбардери Ту-22М3 и одлетала во правец на Иран. Пред неколку дена на просторите на Сирија се префрлени и специјални противподморнички авиони И-38 „Новела“.
3 minutes ago
— WarTime (@NEWZWARZ) 10 April 2018
BREAKING
Russian Black Sea Fleet declares high level combat alert for all vessels as US-led trans-national strike force with UK and France poised to strike Syria over chemical weapons allegations. Attack is expected in the next 24 hours. pic.twitter.com/nWYcULAOEk
Од друга страна, радарските капацитети кои се поставени во Сирија, регистрираа силна активност на специјализираниот извидувачки апарат Boeing P-8A „Посејдон“, на пар стотици километри од Латакија. Овој авион со евидентен број 168439 интензивно ги набљудува сириските територијални води и копнената длабочина на потегот од Тартус па сѐ до Латакија.
Боинг P-8I
Indian Navy/WikipediaНа поширокиот простор на источниот Медитеран е забележан и авиотанкерот KC-10A, кој има задача да ѝ обезбеди на ловечко-бомбардерската авијација логистичка поддршка во снабдувањето со гориво.
Авиотанкер KC-10 Extender при снабдување со гориво на борбени авиони F-16 Fighting Falcon
U.S. Air Force/WikipediaПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче