Постоеше ли закана за воен судир?

AP
Летот на рускиот бомбардер над американскиот извидувач во Балтичкото море на 11 и на 12 април предизвикаа бурна реакција од страна на САД. Во Вашингтон изјавија дека имале право да го урнат рускиот авион. „Руска реч на македонски“ одговара на прашањата што се поврзани со овој инцидент.

Се претпоставува дека рускиот бомбардер Су-24 неколку пати на 11 и на 12 април го надлетал американскиот извидувач USS Donald Cook, кој учествувал во заедничките вежби со Полска во неутралните води на Балтичкото море. Европската команда на вооружените сили на САД во врска со ова изрази „длабока загриженост“, говорејќи за „небезбедните и непрофесионални руски воздушни маневри“. Настанот беше осуден од Белата куќа.

Притоа е познато дека руските авиони не биле вооружени и дека не носеле апаратура за деактивација на електрониката на извидувачот. На 13 април Пентагон објави видео на „агресивниот“, како што изјавија во американскиот одбранбен ресор, прелет на рускиот авион врз американскиот извидувач.

Од своја страна, руското министерство за одбрана изрази зачудување од „болната реакција... на американските колеги“, изјавувајќи дека екипажот на руските авиони вршеле планирани летови за тренинг над неутралните води на Балтичкото море. Таму исто така подвлекоа дека американскиот брод се наоѓал сосема недалеку, на само 70 километри, од базата на руската Балтичка флота, која се наоѓа во Калининградската област. Откако го забележал, руските пилоти „извршија одвраќање од него со зачувување на сите мерки за безбедност“.

Зошто Су-24 му се приближил на извидувачот?

Официјално рускиот бомбардер едноставно извршил планиран лет за тренинг. Но, експертите сметаат дека инцидентот е непосредно поврзан со близината на американскиот извидувач до руската воена база. Морнарите го користат терминот „оттурнување“, кога некој брод го истиснува другиот брод на безбедно растојание, објаснува претседателот на Меѓународниот центар за геополитичка анализа генерал-полковник во резерва Леонид Ивашов. Во случајов, смета експертот, руските авиони можеле да го „оттурнат“ американскиот брод од руската воена база.

Водечкиот експерт на Центарот за воено-политичко истражување при Московскиот државен институт за меѓународни односи Михаил Александров забележа дека руските бродови не се приближуваат толку блиску до американските бази кои се наоѓаат по должината на целиот брег на САД.

Што ќе се случеше доколку го урнеа рускиот авион?

Во Советот на Федерација изјавија дека реакцијата на Русија на уништувањето на авионот би била „жестока“. Како што изјави членот на комитетот за меѓународни работи на СФ Игор Морозов, приближувајќи се кон руските граници, американскиот извидувач можел „да не се врати“.

Мислењата на експертите во врска со руската реакција за уништување на авионот се поделени.

Според Александров, руските воени сили навистина, најверојатно, би го уништиле извидувачот како одговор на нападот врз авионот. Притоа експертот не смета дека тоа би довело до војна. Страните би се обиделе некако да го локализираат конфликтот.

Леонид Ивашов има поинакво мислење. „Претпоставувам дека руското раководство би постапило на истиот начин како и за време на нападот на турските воени сили на рускиот бомбардер Су-24 на територијата на Сирија. Според мене, највисокото воено-политичко раководство на РФ целосно би ги раскинало односите со Западот, а не би тргнале во воени дејствија“, изјавува експертот.

Што ќе разговараат Лавров и Кери

Дејствијата на руските пилоти не беа осудени само од Белата куќа, туку и од Стејт департментот. „Ова е непромислено. Ова е провокација. И тоа е опасно. Според правилата на борбените дејствија, (овие авиони) можеа да бидат соборени“, изјави државниот секретар Џон Кери. Претставникот на ресорот Џон Кирби изјави дека Кери за инцидентот ќе разговара со својот колега Сергеј Лавров.

Според Александров, дипломатите најверојатно ќе разговараат за прашањата поврзани со интеракцијата помеѓу воените ресори на двете земји. Згора на тоа, одредени правила беа договорени уште во советско време. Сепак САД, како што подвлекува експертот, изгледа, има заборавено на нив.

За какви „правила на воени дејствија“ зборува Џон Кери?

Според Ивашов, тоа се внатрешни американски воени правила, според кои, на пример, во 1988 година бродот на ВМС на САД над Персискиот залив го собори патничкиот авион Ербас А300В-203 кој превезуваше 290 патници.

„Пентагон тогаш изјави дека иранскиот авион бил погрешно идентификуван како ловец F-14 на ВВС. Морнарите со авијатичарите немаат согласност за тоа на кое растојание се извршува целата воена дејност“, појаснува воениот аналитичар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња