„Вашингтон Пост“ пишува за „ескалација на конфликтот“ меѓу Русија и западните земји која, меѓу другото, се манифестира со приближување на руските авиони до воздушниот простор на НАТО.
За германските пилоти оваа ескалација има практичен ефект: блиски контакти со руските пилоти на небото. Пилотите се често принудени да летаат на растојание од десет јарди (малку повеќе од девет метри) од руските авиони, што е доволно блиску за да се мавне со рака за поздрав, или во еден од последните случаи, да се види како рускиот пилот покажува среден прст, пишува „Вашингтон пост“.
Еден воен официјален претставник изјави дека летовите на руските воени на авиони над Балтичкото Море повеќе нервираат отколку што претставуваат закана, затоа што Русија нема намера да ги нападне земјите на Северноатлантската алијанса. Сепак, според соговорникот на „Вашингтон Пост“, тоа го зголемува ризикот на небото, што на крајот на краиштата уште повеќе ги заострува и без тоа затегнатите односи меѓу Русија и Западот.
Пилотите на НАТО во текот на оваа година полетувале со своите авиони поради руските вкупно 600 пати, се вели во написот.
Информациите за приближувањето на руски авиони до воздушните граници на балтичките земји често се појавуваа во првата половина на оваа година, пренесува сајтот republic.ru.
Така, во мај британските воздухопловни сили соопштија дека имало неколку пресретнувања на авиони, меѓу другото, и на воено-транспортни. Американската морнарица објави, исто така во мај, видео од кое се гледа како руски авиони се приближуваат до разурнувачот „Доналд Кук“ во Балтичкото Море, пишува порталот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче