Русија изврши успешни тестирања на нова противракета за заштита на Москва

Press Photo
На полигон во Казахстан воздушно-космичките сили на РФ извршија тестирање на тајна ракета за системите за ПРО. Според извор на „Руска реч на македонски“ од воено-индустрискиот комплекс, тоа биле тестирања на нов муниција со мал радиус (од 100 до 1.000 километри), наменети за комплексите А-235 „Нудол“, распоредени крај Москва.

Вооружените сили на РФ се во процес на модернизација на системот за противракетна одбрана (ПРО) околу Москва. Според извор на „Руска реч на македонски“ од воено-индустрискиот комплекс (ВПК), во рамките на оваа програма на 21 јуни се извршени успешни тестирања на најновата противракета наменета за комплексите А-235 „Нудол“.

Модернизација на „пирамидите на Маите“ во Подмосковјето

Овој систем се наоѓа во вооружувањето на 9 дивизија за ПРО во селото Софрино-1 (на 50 километри северно од Москва). Во близина на него е сместена радарската станица „Дон-2Н“ која надворешно потсетува на пирамидите на Маите. Таа ги решава задачите за отворањето на непријателски интерконтинентални балистички проектили и насочувањето на противракетите од комплексот А-235 „Нудол“.

„Модернизацијата на системот за противракетна одбрана на Москва од А-135 кон А-235 се спроведува од почетокот на векот. Во моментов таа е веќе целосно комплетирана со новите ракети“, истакнува изворот на „Руска реч на македонски“.

Како што вели за „Руска реч на македонски“ воениот експерт на ТАСС Виктор Литовкин, комплексниот систем за ПРО околу Москва, која може да уништува и објекти во блискиот космос, претставува една од најпознатите тајни руски програми.

На крајот на минатата година пристап до тестовите на новата противракета доби само снимателската екипа на владиниот телевизиски канал „Ѕвезда“, кој соработува директно со Министерството за одбрана на РФ.

Предисторијата на А-235 „Нудол“

Според воениот експерт на ТАСС Виктор Литовкин, според договорот за ограничување на системите за ПРО помеѓу СССР и САД од 1972 година, двете страни се обврзуваат да распоредат не повеќе од два системи за ПРО - околу главниот град на земјата и непосредно во реонот на концентрација на лансирни летала на интерконтинентални балистички проектили (ИБП). Но, по две години Москва и Вашингтон се договорија да се ограничат на еден ваква систем по сопствен избор. Така Советскиот Сојуз го постави комплексот за заштита од нуклеарни ИБП околу главниот град, а САД на базата на Грант Форкс на Алјаска.

Како што потсети експертот, првично комплексот А-135 бил опремен со противракетите 53Т6, според класификацијата на Северноатлантскиот сојуз - GAZELLE. „Овие проектили на системот може да пресретнат балистички ракети на противникот, кои прелетуваат со брзина до 7 километри во секунда на висина до 5 километри“. Според него, новиот модел се разликува од претходниот најмногу по тоа што има кинетички, а не нуклеарен боен полнеж. „Интерконтиненталната стратешка ракета се движи со хиперсонична брзина во облак од лажни цели. Исклучително сложена техничка задача е меѓу оваа „маса“ да биде лоцирана единствената нуклеарна боева глава. Затоа на почетокот 53Т6 биле опремени со атомска боева глава, која ги лоцирала истовремено сите ракети на потенцијалниот противник и со помош на нуклеарна експлозија ги уништувала објектите на непријателот“, истакнува Литовкин.

Но, технологијата има напреднато, и сега раководството на земјата постави задачата да бидат исклучени можните технички и човечки жртви, кои неизбежно ќе следат поради радиоактивниот облак, формиран од две нуклеарни експлозијата.

Обелоденувањето на елементи за ПРО

Во овој момент Министерството за одбрана на РФ обелодени дел од објектите и елементите на првичниот систем А-135. Сега во паркот „Патриот“ (72 километри западно од Москва) на отворениот стратешки полигон за првпат е изложена транспортно-полнечката машина за комплексот А-135.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња