Путин: „Бастионите“ ги распоредивме така, за да можат да се видат од вселената

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави во документарниот филм „Крим. Патот за татковината“ дека Русија свесно ги распоредила ракетните системи „Бастион“ на Крим така, за да можат да се видат од вселената.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека Русија свесно ги распоредила ракетните системи „Бастион“ на Крим така, за да можат да се видат од вселената.

„Тоа е невозможно да се направи по нечија одлука, освен на Врховниот командант. „Бастион“ е одбранбен систем кој го штити брегот, ја штити територијата. Тој никого не напаѓа, но тоа е ефикасно, современо оружје со висока прецизност. Засега такво оружје нема никој. Тоа е, веројатно, најефикасниот крајбрежен систем на светото денеска. Да, и во еден момент, за да биде јасно дека Крим е сигурно заштитен, ние ги префрливме таму крајбрежните системи „Бастион“, изјави Путин во коментарот за филмот „Крим. Патот за татковината“ на програмата на каналот „Русија 1“, пренесува РИА „Новости“. 

Путин додаде дека била донесена одлука да се распоредат системите така, за да можат да ги видат  сателитите. „И, меѓу другото, ние свесно ги распоредивме системите така, за да можат да се видат од вселената“, додаде Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња