Како умира легендарното претпријатие „Антонов“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Поранешниот заменик-главен конструктор на украинското државно претпријатие „Антонов“ Анатолиј Вовњанко раскажа за трагичната состојба во која се наоѓа познатото конструкторско биро.

Вовњанко се пожали дека работата над нови авиони во Украина престанала уште во 2005 година, а старите модели не се прават од 2015, пренесува РИА „Новости“. За последниве 12 години во земјата  се направени неколку таканаречени авиони-демонстратори Ан-178 и Ан-132Д, модификацијата Ан-148 и Ан-26, првпат произведени пред 15-50 години. А тие авиони заостануваат зад современите странски модели кои се произведуваат сериски и се продаваат во целиот свет.

„Традиционалните пазари, а посебно Русија, за авионите „Антонов“ се изгубени, а нови пазари не се наоѓаат“, вели поранешниот заменик-главен конструктор на украинското претпријатие.

Вовњанко ја критикуваше и кадровската политика на претпријатието, велејќи дека топ-менаџерите се луѓе кои имаат искуство во производството на автомобили и трактори, а не на авиони.

Прочитајте повеќе: Украина го ликвидира легендарниот советски авиоконцерн „Антонов“