Ракетите се оставени во центарот за уништување на интерконтинентални балистички ракети во фабриката во Воткинск во република Удмуртија, каде што и ќе се вршат работите. По рециклирањето фирмата која ќе победи на тендерот е должна во федералниот буџет да ги уплати средствата остварени од продажбата на производите добиени со демонтажата. Врз основа на конкурсната документација, од секој комплет можат да се добијат 198 грама злато, 4,6 килограми сребро, 5 грама платина, 1,8 тони црни и 1,5 тони обоени метали. Со рециклирање на сите девет комплети може да се добијат вкупно 1,8 килограми злато, 42 килограми сребро, 45 грама платина, повеќе од 16 тони црни и 13 тони обоени метали.
Победникот на конкурсот ќе мора да има важечка дозвола за демонтажа на воена техника, дозвола за пристап до информации кои претставуваат воена тајна во рангот на „строго доверливо“ и документи неопходни за работа со благородни метали.
Сериското производство на балистичката ракета РС-12М „Топољ“ почна во 1984 година, а две години подоцна е примена во состав на вооружувањето. На почетокот на 2016 година руската војска имаше 72 ракети од овој тип, а со текот на времето беа заменувани со ракети „Топољ-М“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче