Руските хемичари осмислија ново гориво за автомобили

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во споредба со обичниот бензин новиот производ е помалку штетен за животната средина и помалку го валка системот за гориво.

Стручњаците на серускиот научноистраживачки институт за преработка на нафта разработија алтернативно автомобилско гориво кое се состои од етил алкохол добиен од природни сировини и евтини деривати на нафта.

Стручњаците тврдат дека новиот вид на гориво е во полза на сопствениците на автомобили, пред сѐ поради помалата содржина на смола и сулфур се обезбедува чистотата на системот за гориво и со тоа се овозможува подолга експлоатација на возилото. Освен тоа, благодарение на содржината кислород во издувните гасови ќе има помалку несогорени јаглеводороди. Како што се покажа на тестирањата, горивото е компатибилно со обичниот автомобилски мотор без преправки.

Меѓутоа, како што е напоменато, новото гориво може да биде економски исплатливо само ако се во Русија се укине наплатата на акцизите за присуство на етанол во горивото.

Како што е познато, во некои земји за стандардните возила веќе се користи мешавина од етил алкохол и јаглеводороди. Во Бразил, на пример „обичниот бензин“ на локалните пумпи содржи 27% алкохол, при што на една половина од автомобилите се извршени модификации на моторот. На Тајланд државата го поддржа ова гориво, додека во САД се развива активно.

Прочитајте повеќе за најевтиниот автомобил на метан: Lada Granta CNG догодина на рускиот пазар