Објавена снимка од гаѓањето со руски паметни гранати „Краснопољ”

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од вежби на Лушкиот полигон. Припадниците на артилериските сили на Западниот воен округ реализираа гаѓање со примена на модернизираните гранати „Краснопољ”.

„Краснопољ“ е високопрецизен наведуван проектил со реактивен мотор и самонаведувана боева глава. Гранатата се изработува во два калибра: 152 и 155 милиметри.

За гаѓање со овие гранати се користат самоодните хаубици „Мста-С”. Како што се наведува, веројатноста за погодок во целта е најмалку 95%, дури и ако целта се наоѓа на растојание до 25 километри.

Ласерскиот обележувач ја маркира целта до моментот на погодокот. Обележувањето на целта може да се реализира како од земја, така и од воздух. Ласерскиот зрак ја „озрачува“ целта неколку секунди пред ударот во целта.

На снимката можат да се видат и кадри од примена на гранатите во борбени услови со воздушно наведување до целта.

Прочитајте повеќе: Лансиран недофатливиот „Кинжал“: Како руската хиперсонична ракета ги ужасна Британците