Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров исто така се вклучи во своевидната експлозија од имиња што ги зафати руските медиуми, во потрага по адекватни називи кои на најсликовит начин би го опишале најновото руско вооружување кое вчера го претстави претседателот Владимир Путин. Тој се осврна на руската подводна крстосувачка торпедо-ракета, која практично има неограничен дострел благодарение на нуклеарниот реактор како погон.
„Сакам да кандидирам своја варијанта на името за ова оружје. Ракетата треба да се нарече „Палмира“, во чест на нашите момчиња кои загинаа во Сирија. Во чест на пилотот, херојот на Руската Федерација Роман Филипов, кој страдаше со јуначка смрт опколен од терористите со повикот „ова ви е за момчињата“. Потоа во чест на Александар Прохоренко, припадникот на ССО (Сили за специјални операции) кој го насочи воздушниот напад врз себе кога виде дека се наоѓа под огнот на терористите, во нивно опкружување. Во чест на потполковникот Олег Пешков, чиј авион беше соборен од страна на турското воздухопловство“ - категоричен е Кадиров на својот профил на социјалната мрежа „Вконтакте“.
Според мислењето на чеченскиот лидер, победата на Русија во Палмира била моментот на пресврт во борбата со творбата каква што беше „Исламската држава“ и додаде:
„И нашиот претседател е родум од Санкт Петербург, а јас тој град го викам „Северна Палмира“. Имам голема почит спрема тој збор, затоа што сметам дека името „Палмира“ ги обединува сите оние кои несебично се бореа против тоа зло“, истакнува Кадиров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче