Тоа се случило кога „Александар Отраковски“ се враќал од големиот поход низ Светскиот океан и маневрите чија цел беше одбивање на напад од условен воздушен непријател во Норвешкото море. Екипажите на ракетно-артилериското вооружување на овој брод заедно со припадниците на неговата борбена информациона служба го следеа и го уништија „непријателот“. Покрај тоа, увежбани се и дејствата на припадниците на поморската пешадија кои ракуваат со преносните зенитно-ракетни системи. Тие на далечниот поход го обезбедуваа и бранеа бродот од напади на диверзанти и терористи, пренесува rg.ru.
Како што изјави капетанот прва класа Вадим Серга, големиот десантен брод го продолжува својот пат во северниот дел на Норвешкото море. „Александар Отраковски“ исплови во голем поход на 12 септември минатата година. Оттогаш извршуваше задачи во состав на Обединетата група на воената морнарица на Русија во Средоземното море и помина неколку десетици илјади морски милји. Пред враќањето во базата десантниот брод ќе изведе уште една воена вежба во Баренцовото море.
„Александар Отраковски“ е голем десантен брод од Проектот 775. Долг е 112,5 метри, широк 15 метри, а газалиштето му е 3,7 метри. Развива брзина од 18 јазли, може да плови 6000 милји со брзина од 12 јазли. Екипажот има 87 члена. Поседува две спарени артилериски орудија АК-725, два повеќецевни ракетни фрлачи „Град-М“ и четири преносни зенитно-ракетни системи „Стрела-2“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче