Шојгу откри што правеа Су-57 во Сирија и рече дека американскиот противракетен штит има дупки

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им откри на новинарите дека двата руски авиона Су-57 (познати и како ПАК ФА и Т-50) успешно ја извршиле дводневната мисија во Сирија.

„Авионите навистина беа таму. Два дена. Тестирани се во воени услови. Можам да кажам дека успешно ги извршија задачите. Авионите се вратија дома пред една недела“, изјави министерот.

Тоа беше и првата официјална потврда дека најновите руски борбени авиони летале на сириското небо.

Су-57 ќе ги завршат сите тестирања годинава, а тоа ќе биде „уште едно изненадување за нашите колеги“, рече Сергеј Шојгу. Ловците во Сирија беа придружувани од руски авиони-лаборатории.

Министерот исто така рече дека не знае чии сателити можеле да ги снимат Су-57. „Што се однесува до сателитските фотографии, можам да ви кажам дека ова не е ’95 година, дека такви авиони не стојат еден до друг. Не знам од каде дошле објавените фотографии, затоа што авионите беа скриени целото тоа време“, изјави тој.

Обраќањето на Владимир Путин пред Федералното собрание Шојгу го оцени како едно од најважните последниве години. Тоа обраќање содржи пораки и за „нашите западни партнери и колеги“, рече министерот. Русија има најсовремено оружје, оружје кое оди далеку пред своето време.

Сергеј Шојгу исто така рече дека американската противракетна одбрана има дупки. „Тој штит на противракетна одбрана што сега се создава во Полска и Романија, на Алјаска, и кој е во план во Јужна Кореја и Јапонија, тој е со дупки. И не знам зошто се трошат толку пари на него“, додаде рускиот министер за одбрана. 

Прочитајте повеќе за „Авангард” и „Кинжал”: Путин ја откри тајната на најновото руско хиперсонично оружје