„Во редовната проверка на борбената готовност на се ангажирани неколку илјади единици различна борбена техника опслужувана од повеќе од 3000 војници. Во рамките на овој број се ангажирани практично сите технички ресурси што ги поседуваат единиците за врска, како што се, на пример, современите системи за врска „Редут-2УС“*, пунктовите за комуникациска команда, антенските модули и командно-штапските машини. Во вежбата се употребени стационарните и мобилни комуникациски јазли кои се распоредени на неколку полигони во воениот округ“, истакна началникот на прес-службата на Источниот воен округ Александар Гордев, а пренесува интернет-редакцијата на РИА „Новости“.
Според него, врскарите на Источниот воен округ создале стабилно и безбедно комуникациско поле, употребувајќи различни канали за негово формирање. Употребени се отворени, затворени и сателитски канали за комуникација кои функционирале во услови на активна примена на противелектронски средства од страна на условен непријател.
„Ангажираниот кадар што се наоѓа во овие единици ги исполни сите стандарди кои се однесуваат на комплетно оперативно функционирање на системите за врска и тоа во сите свои критични сегменти, вклучувајќи и изведување на задачи во услови на намалена оптичка видливост. Војниците за комуникација користеа современи радиостаници кои емитуваат кратки и ултракратки радиобранови, а во просториите на командните пунктови се организирани и видеоконференции во кои учествуваа командите на ангажираните единици“, истакна Гордев.
* Претставува дигитален телекомуникациски пункт за врска кој се наоѓа на камионска шасија „Камаз-63501 “. Се состои од антенски модул Р-431АМ, развиен од специјализираната компанија НПФ „Микран“ од Томск. Способен е во најсложени временски и теренски услови брзо да воспостави стабилен и цврст комуникациски пункт, без оглед на интензитетот на противелектронското попречување од страна на непријателот. Радиорелејниот антенски модул Р-431АМ со помош на интегрирана кула се крева на висина до 32 метри, што му обезбедува формирање на комуникациско радиорелејно и безжично поле во радиус и до 55 км. Со останатите комуникациски системи сообраќа преку компјутеризирана радиорелејна врска со висока пропустливост на податоци (и до 155 мегабајти во секунда), како и преку широк спектар широкопојасни безжични канали. Комуникацијата ја изедува преку кратки и ултракратки радиобранови. Спаѓа во најсовремените системи за врска во руската армија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче