Претседателот на Русија и врховен командант на Вооружените сили на РФ Владимир Путин синоќа зеде учество во воената вежба за раководење со стратешките нуклеарни сили на Русија. Ова го соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Во текот на вежбите се одработуваше интерактивно дејство на Ракетните сили за стратешка намена, нуклеарните подморници на Северната и Тихоокеанската флота и стратешката авијација на ВКС на РФ“, изјави Песков.
„Врховниот командант изврши лансирање на четири балистички ракети“, додаде Песков.
Според зборовите на портпаролот на Кремљ, тестирањата на „нуклеарната тријада“ се редовни, се спроведуваат согласно меѓународните норми и не можат негативно да влијаат на ситуацијата во светот.
Како што прецизира рускиот воен ресор, во вежбите учествуваа авиони на стратешката авијација Ту-160, Ту-95МС и Ту-22М3 кои полетаа од своите бази Украинка, Енгелс, Шајковка и со крстосувачки ракети со воздушно базирање ги гаѓаа целите на копно на полигоните Кура (Камчатка), Пембој (Република Коми) и Теректа (Казахстан).
„Задачите поставени на вежбата во целост се реализирани, сите цели се успешно погодени“, нагласува воениот ресор. Министерството за одбрана на РФ соопшти дека вежбите се одржани во согласност со плановите за обука на Вооружените сили на РФ.
Како што изјави пратеникот Андреј Красов за медиумите, во учеството на Путин во воените вежби нема ништо чудно.
Путин, бидејќи не е само претседател на земјата, туку и врховен командант на Вооружените сили, може да ги врши сите видови на нивна проверка и лично да присуствува на тестирањата не само на вежбите, туку и на испитувањата на пробните примероци на воената техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче