При последните вежби на руската армија, војската секој пат беше кревана на тревога ненадејно, а географијата на маневрите продолжуваше да биде премногу разновидна. Персоналот и борбената техника се трансферираа од централните региони на земјата илјадници милји во Сибир и на Далечниот Исток. Сепак денес е премногу скапо и непрактично да се градат макети на населени места, за да се провери дејството на нуклеарното оружје. Истото важи и за вработување на статисти, кои играат мирно население. Покрај тоа, руската армија во суштина се насочува кон нанесување на удари не по мирното население на противникот, ами по неговите вооружени сили. За наставни цели руската армија, како и досега, продолжува да ја користи расходуваната техника, но има и свое ноухау.
Посебно претпријатие произведува гумени макети на борбена техника за руските вооружени сили. Не станува збор само за големи играчки. Од лентата излегуваат целосни технички уреди. Макетите на тенкови, на пример, се направени од специјален метализиран материјал на гумена основа, кој на екраните на локатор ги прави да изгледаат речиси исти како вистинската техника. Техниката на надувување се гледа и во инфрацрвениот спектар. Покрај тоа, таа има целосна надворешна сличност, вклучувајќи ротирачка купола и резервоари.
Со истата технологија се прават копии речиси на сите видови воена техника. Имплементирањето на иноваторството ѝ овозможува на армијата не само да се откаже од такви примери како фенерни макети на тенкови и БТР, ами и да се подигне нивото на спроведување на маневрите. Во услови на современа војна, водена со користење на најновите достигнувања на науката и техниката, тоа е исклучително важно.
Сергеј Коњков / ТАСС
Во последните години во Русија редовно се одржуваат командно-штапски вежби. А, по распадот на СССР армијата, не ги живееше своите најдобри времиња, па практично не беше излегла од касарните и за вежби се немаше пари.
Руската армија има долгогодишно искуство во спроведување воени вежби. Во минатото често маневрите се организирани со спектакуларни цели - да се демонстрираат војниците, да се видат нивните униформи, опрема и оружје. По правило тие се совпаѓаат со времето на посети на високи функционери. Во дореволуциска Русија борбените квалитети на царската армија редовно се покажувала во присуство на самиот цар.
Воените вежби земаат голем замав во Советскиот Сојуз. Во триесеттите години од минатиот век СССР беше меѓу првите земји кои почнаа да организираат големи маневри со учество на воздушно-десантната војска. Во 1935 година во рамките на вежбите во Украина и во Белорусија пред очите на советските и на странските генерали учествуваат 3.700, односно 5.700 лица. Ефектот кој тие го предизвикале, е толку силен што и европските изданија пишувале за советските маневри. Ниту една војска во светот дотогаш не организирала ништо слично.
Евгениј Касин, Марк Редкин / ТАСС
По Втората светска војна организацијата на вежбите во Советскиот Сојуз е усогласена според сите канони на воената наука. Во почетокот на педесеттите години од минатиот век наддржавите изработуваат тактика за примена на нуклеарно оружје за пробив на тврдините на противникот при потенцијални борбени судири. Во 1954 година во СССР со таа цел беа спроведени големи маневри на Тоцкиот полигон во регионот на Јужен Урал. За да се види какви можат да бидат последиците од нуклеарен удар, во епицентарот се издигнати теренски утврдувања и распоредени десетици единици отпишана воена техника. Во вежбите учествуваат 45.000 лица.
Најголемите маневри во историјата на руската армија се вежбите „Запад-81“, одржани во 1981 година на западната граница на земјата. Бројот на учесниците војници кои зедоа учество надминува 100.000 лица, без да се бројат илјадниците тенкови и борбени авиони. Според големината „Запад-81“ може да се спореди само со џиновските операции за време на Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче