Новите возила на „Калашников“ се испробани уште во 2017 година. Мотоциклот првпат беше претставен на военотехничката изложба „Армија 2017“. Мотор има јачина од 15 kW, односно 20 коњски сили, а со полн акумулатор поминува 150 км.
„Руската армија ги нарача моторите и ќе бидат испорачани пролетва“, изјави Сергеј Чемезов, прв човек на „Ростех“, државна корпорација во чиј состав е фабриката „Калашников“.