Невидениот наносвет

Новата технологија овозможува набљудување слоеви живи ткива со цел да се добие увид во тоа како во нив се распоредуваат молекулите на определен лек. Извор: Shutterstock

Новата технологија овозможува набљудување слоеви живи ткива со цел да се добие увид во тоа како во нив се распоредуваат молекулите на определен лек. Извор: Shutterstock

Руските нанобиотехнолози развија микроскоп кој овозможува истражување на тродимензионалната структура и на оптичките својства што ѝ припаѓаат на наночестицата (честица со величина од милионити дел од милиметарот). Со претходните методи се добиваше само дводимензионална слика. Револуционерниот продукт на руските стручњаци ќе најде своја примена во многу подрачја на нанобиотехнологијата и на медицината.

Со спојување на неколку познати методи на микроскопијата, руските нанобиотехнолози развија уред кој овозможува истражување на тродимензионалната структура и на оптичките својства на објектите кои му припаѓаат на светот на наночестиците. Нивната работа е детално изложена во американското научно списание „ACS Nano“.

Шефот на лабораторијата за нанобиоинженеринг на Московскиот инженерско-физички институт Игор Набиев е уверен дека оваа технологија ќе има широка примена во надзорот на производството на наноматеријали, на лекови или при дијагностицирање и следење на резултатите од лекувањата.

Шефот на лабораторијата Игор Набиев е уверен дека оваа технологија ќе има широка примена во надзорот на производството на наноматеријали, кај лековите или кај дијагностицирањето и следењето на резултатите од лекувањата.

Во проучувањето на наноструктурата традиционално се користи скенирачката микроскопија (SPM), при што мострата се скенира со остра сонда. Но, со ваквиот метод се добива само дводимензионална слика и не постои можност да се проучува тродимензионалната структура на мострата. Антон Ефимов, основач на компанијата „Снотра“ која е резидент на „Сколково“, пронајде начин да го надмине ова ограничување со сечење на мострата на многу тенки слоеви и скенирање на секој слој одделно. Кога сите податоци ќе се земат заедно, се добива увид во структурата на тродимензионалниот објект.

Со помош на научниците од лабораторијата за нанобиоинженеринг на Националниот истражувачки нуклеарен универзитет „Московски инженерско-физички институт“ (НИНУ МИФИ) компанијата на Ефимов разви уред кој не само што прави пресеци на мострите, туку врши и спектроскопија на слоевите, давајќи со тоа можност да се определи составот на мострата врз основа на тоа како ја одразува или ја апсорбира светлината.

Како до полесна хемотерапија

„Развивме уред кој го спојува ЗД микроскопот со нанорезолуцијата и со микроскопијата која нуди квалитетна анализа на мострата. На овој начин имаме можност темелно да ги изучиме наноматеријалите, можеме да видиме како се тие структурирани, од што се состојат и какви се нивните својства“, појасни Константин Мочалов, еден од авторите на лабораторијата за нанобиоинженеринг на НИНУ МИФИ.

Шефот на лабораторијата Игор Набиев е уверен дека оваа технологија ќе има широка примена во надзорот на производството на наноматеријали, кај лековите или кај дијагностицирањето и следењето на резултатите од лекувањата. На овој начин, да кажеме, можат да се проучуваат слоеви на живи ткива за да се стекне увид во тоа како во нив се распоредуваат молекулите на определен лек.

Засега микроскопот е составен од повеќе одделни уреди. Следниот чекор е тие да се „спакуваат“ во единствена целина со оглед на тоа што неговите творци имаат намера во иднина да најдат компанија која ќе биде заинтересирана за негово производство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња