За разработка на препаратот со функција „женска вијагра“ руската компанија „Ивикс“ го освои првото место на годинашнава конференција Startup Village која се одржа во технопаркот Сколково и доби награда од 5 милиони рубли (речиси 90 илјади американски долари). Конференцијата Startup Village се одржува од 2012 година, има околу 20 илјади учесници од повеќе од 80 земји од светот.
„'Женска вијагра' е само условен назив на нашиот препарат, зашто 'вијаграта' ја лекува еректилната дисфункција, а тоа кај жените, секако, го нема“, коментира директорот на Ивикс Дмитриј Голиков. Препаратот е создаден на база на нов, претходно непознат молекул кој влијае на мозокот, вели тој.
„Нашиот препарат влијае на мозокот и на сексуалното однесување во целина, кое може да се подели на две функции: сексуална и репродуктивна, па затоа можеме да лекуваме и бесплодност“, вели тој. Тоа е назален спреј и не влијае никако на хормоните“, прецизира Голиков. Работата на проектот траела четири и пол години.
Идејата за „женска вијагра“ е на академикот на Руската академија на науките Николај Мјасоедов, кој е и ментор на проектот, а новиот молекул во 2014 година во Русија стана еден од 100 најдобри изуми.
Третото место на конкурсот го освои уште еден медицински старт-ап „ОТ-82“ препарат на компанијата „Онко Тартис“ за лекување акутни леукемии (награда од 2 милиони рубли – околу 35 илјади американски долари).
Развивањето на ваквите медицински проекти е тешко и скапо не само во Русија, ами и во целиот свет, вели Камила Зарубина, постар менаџер за проекти на биолошката и на медицинската технологија на фондацијата „Сколково“. Новиот лек се појавува на пазарот дури по 10-12 години работа, а на истражувањата се трошат милиони долари.
Во биомедицината до скоро никој не сакаше да вложува но состојбата се менува, вели Голиков. Слични проекти во Русија поддржува не само фондацијата „Сколково“, ами и специализирани венчур-фондови, институти за развој и различни програми на ресорните министерства.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче