Русија ќе лансира во орбитата два ултрапрецизни стаклени сателити

Getty Images
Русија во октомври оваа година ќе лансира во орбитата две стаклени топки. Сателитите имаат задача да вршат различни високопрецизни мерења и испитувања. Овие вселенски објекти ќе придонесат за спречување на природни катастрофи на Земјата, а исто така ќе ги следат и промените во гравитациското поле на Земјата и ќе ја надгледуваат руската технологија во вселената.

Лансирањето го подготвува корпорацијата „Системи за производство на прецизен прибор“ во состав на „Роскосмос”, а е закажано за октомври 2018 година. Оваа компанија е специјализирана за производство на повеќеслојни ултрапрецизни леќи, а токму оваа технологија е користена во изработката на двете стаклени топки. 

Денес само уште две земји покрај Русија се технолошки способни да произведат вакви сателити: САД и Франција.

Произведени се три сателити со топчест облик, од кои два ќе бидат лансирани во орбитата, а третиот ќе биде поставен на Земјата како трансмитер.

Додека се во орбитата, стаклените сателити ќе функционираат како мети за ласерите на Земјата (кои денес се околу 40 на број) и ќе се користат за мерење на растојанија. За разлика од претходните системи како што е американскиот LAGEOS, новите топки од руско производство ќе ги вршат мерењата с прецизност од десетти дел од милиметарот, што претставува рекорд, со оглед на тоа дека другите системи имаат 1000 пати поголема грешка, рече директорот на корпорацијата Јуриј Рој за „Известија”.

Потребата од вакви високопрецизни сателити е очигледна. Тие покриваат цел спектар на функции, не само при мерењето на Земјиното гравитациско поле, туку и на начин што ја зголемуваат прецизноста на рускиот навигациски систем ГЛОНАСС, па дури и го мерат движењето на тектонските плочи под нашите нозе.  

Првиот сателит направен само од стакло беше лансиран во 2009 година и се викаше BLITS (Ball of the Lens In The Space – топка од леќи во вселената). Лебдеше на висина од околу 800 километри над Земјата пред да падне 2013 година по судар со остатоците на друг сателит. Новите стаклени топки ќе се движат на двојно поголема висина. На висина од околу 1500 километри Земјиното гравитациско поле повеќе нема никакво влијание и научниците планираат да го искористат тоа за попрецизни геофизички и геодезиски мерења.

Прочитајте повеќе: Во борба против космичките закани

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња