Руската Северна флота го испроба новиот теренец „Алеут“ за снежни и мочурливи беспаќа

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Механизираната пешадиска бригада на руската Северна флота го испроба на својот полигон теренското возило со висока проодност.

На полигонот на механизираната пешадиска бригада на Северната флота во Мурманската област е испробано новото теренско возило ГАЗ-3344-20 „Алеут“ за снег и мочуришта. Како што за „Росијскаја газета“ изјави началникот на информативната служба на Северната флота, капетан прва класа Вадим Серга, возилото покажало висока проодност, големи маневарски можности и едноставност во управувањето.

Овој дводелен повеќенаменски тегнач може да работи на крајно ниски температури - до -50 степени Целзиусови. Во првиот дел на возилото е погонскиот модул. Во него може да собере 5 члена на екипажот вклучувајќи го и возачот, додека вториот дел може да се преуреди во патнички модул и да прими 15 војници. Исто така може да се преуреди во кола за спиење, медицинска амбуланта или команден пункт. Возилото може да носи 2500 кг корисен товар. За ракување со теренското возило ГАЗ-3344-20 „Алеут“ се обучени и војниците на редовно отслужување на воениот рок и професионалните војници.

Прочитајте повеќе за теренското возило „Алеут”