Како што соопшти раководителот на експериментот, шеф на катедрата за изработка на инструменти на Инженериската школа на ДВФУ професор Владимир Короченцев, комуникацијата под мраз е најнов правец во современата хидроакустика, кој има посебно значење за испитувањето и експлоатацијата на нафта и гас во арктичкиот регион.
„За да го освоиме Арктикот, најпрвин треба да се одомаќиниме во подрачјата со плитка вода. Во нив важат посебни физички и технички принципи на протегање на звукот“, истакнува Короченцев. „Движењето на звукот под мраз има свои специфични особини кои значително го менуваат сигналот, доаѓа до силно одбивање од мразот и од дното. Ширењето на еластичните бранови низ плитката вода е проблем за научниците во целиот свет. Поврзувајќи ги физичките методи на руските истражувачи со технологиите за обработка на информации на кинеските колеги ќе успееме да постигнеме значителен напредок во освојувањето на арктичката зона“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче