Рускиот повеќенаменски ловец СУ-30СМ
Максим Блинов/SputnikБорисов го изјави ова во Екатеринбург при посетата на заводите на Уралскиот оптичко-механички завод кој спаѓа во составот на „Ростех“. Ова претпријатие произведува оптички локациски системи за борбени авиони и оптички електронски системи за хеликоптери. Инструментите и системите влегуваат во состав на опремата на авионите Сухој, МиГ, Туполев и хеликоптерите Ми и Ка со различни модификации. Како што рече заменик-министерот Борисов, првата фаза од проектот за зголемување на дометот на нишанот е веќе реализирана.
„Денес борбените можности на авијацијата се дефинирани од оптичко-електронските нишански системи и ласерските мерачи на растојанието. Затоа стручњаците ги интересираат прашањата од дометот на детектирање и идентификување на објекти, како и прецизноста на добиените координати. Затоа што од тоа зависат карактеристиките на крајните производи“, коментираше Борисов.
Тој додаде дека проектот е веќе тестиран на руската авијација во Сирија.
Нишанскиот оптичко-електронски систем му ги обезбедува на екипажот сите потребни информации за водење на борбени операции. Неговите главни предности се: моментална информација за локацијата на непријателското летало како и можноста за стрелање дури и во случај кога објектот се наоѓа надвор од зоната на видливост и на големо растојание.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче