Кизил-60
kchf.ruКако што се наведува, бродовите се разминале на растојание од само неколку метри.
Бродот „Кизил-60“ (Кызыл-60) се враќаше во Русија од сириското пристаниште Тартус, каде што се наоѓа базата на руската Воена морнарица и каде Москва „редовно распоредува свои вооружени сили“, истакнува споменатото интернет гласило.
„ХМС Ентерпрајз“ (HMS Enterprise) на Кралската воена морнарица пловеше во Средоземното Море. Тој учествуваше во вежбите во Црното Море кои траеја 21 ден со цел, како што се наведува, подобрување на можностите на НАТО за заштита на националниот суверенитет на членките на Алијансата по пат на колективна одбрана. Со таа цел тој патролираше заедно со турски и романски брод. „Ентерпрајз“ пружа помош и служи за поддршка на подморници во морски операции, се наведува во извештајот.
„Кизил-60“ е цивилен товарен брод од кинеско производство од 1996 година. Пловилото има депласман од 4509 тони, должина од 93 и ширина од 18 метри. Во состав на Црноморската флота влезе есента 2015 година.
Кон крајот на минатиот месец Си-Ен-Ен јави дека руски авион-ловец Су-27 опасно се приближил над меѓународни води во Црното Море, на растојание од 1,5 метри, на американски извидувачки авион П-3 „Орион“. Министерството за одбрана на РФ го потврди пресретнувањето, истакнувајќи дека маневарот е изведен со почитување на сите меѓународни правила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче