Во Русија почна продажба на автомобили за самостојно склопување

DK Racing
Компанијата DK Racing пушти во продажба комплети за склопување на тркачки автомобил со сопствени раце.

Во понудата се три комплета. Први чини само 290000 рубли (4000 евра) и опфаќа рамка со безбедносна кабина, елементи на системот за потпирање, педали, волан и осовини. Ваквата варијанта ќе им одговара на оние ентузијасти кои сакаат да го добијат рускиот спортски автомобил „Шорткат” кој самиот ќе го довршат и прилагодат на своите желби.

Вториот комплет покрај горенаведените елементи содржи и пластични делови од каросеријата, систем за кочење, ковани фелни и полумазни гуми. Оваа варијанта чини 600000 рубли (8400 евра).

Најскапиот комплет чини 950000 рубли (околу 13300 евра) и ги опфаќа сите потребни делови, вклучувајќи ги и ентериерот и моторот. Моторот за „Шорткат” потекнува од моделот Granta Sport кој има 184 коњски сили ако користи бензин со октански број 98, а 194 коњски сили ако користи спортско гориво. „Стотка” крева за 4,5 секунди, а максималната брзина му е 240 километри на час.

Секој „конструктор” со комплетот добива видео упатство за склопување на „Шорткатот”, а во случај муштеријата да наиде на тешкотии, стручњаците на компанијата DK Racing ќе го посоветуваат телефонски или ќе дојдат на местото за да го забрзаат процесот на монтажа.

Прочитајте повеќе: Како снаодливите Руси совладуваат непроодни терени

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња