Су-35
Reuters„Бизнис Инсајдер“ потсетува дека два ловци F-22 се обидоа да пресретнат руски Су-25 и Су-35.
Изданието додава дека F-22 има феноменални можности за маневрирање и дека е речиси незабележлив, тоа е едноставно „американски смртоносен воен авион“. Но, за разлика од F-35, кој ги напаѓа целите на земја и го снима подрачјето, F-22 е наменет за воздушни битки. Но технологијата на „невидливост“ повеќе не игра значајна улога, пишува изданието.
Рускиот Су-35 има повеќе ракети од F-22 и тие се сместени така што можат да се видат, додека американските се скриени. Затоа во случај на воздушна борба, Су-35 би имал поголеми изгледи за победа.
„Доколку пресретнувањето би довело до битка, рускиот пилот би имал предност штом здогледа F-22. Рускиот Су-35 има поголеми маневарски способности од F-22.“
Експертите исто така велат дека задачата за пресретнување можеле да ја изведат и други не толку скапи американски авиони.
А за какви маневарски способности станува збор, погледнете го видеото со Су-35.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче