Невидливиот „Громовник”: „Стелт“ корвета со „Калибри” пристига во руската морнарица

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Веќе годинава руската Воена морнарица ќе ја добие корветата од Проектот 20385 „Гремящий” (Громовник), соопшти генералниот директор на бродоградилиштето „Северно бродоградилиште” Игор Пономарјов. При крајот е изработката на приемната документација, на корветата се монтира електронска опрема, се довршува мрежата за електронапојување и компонентите за изолација. Почна и испораката на елементите за пријатен престој на екипажот кој треба да служи на бродот.

Во 2017 година руската Воена морнарица во својот состав исто така прими нови бродови. Како што претходно соопшти началникот на управата на Министерството за одбрана на Русија Олег Степнов, морнарицата минатата година ја доби фрегатата од Проектот 11356 „Адмирал Макаров” и 16 помошни бродови. Што се однесува до корветата „Гремящий” (Громовник), според генералниот директор на бродоградилиштето Игор Пономарјов, екипажот веќе напролет ќе се всели на бродот.

Корветите од Проектот 20385 се наменети за откривање и уништување на подморници и бродови. Специфичноста на овој брод е во тоа што благодарение на современите технологии неговата видливост на радарите е намалена.

Корветата е долга 104, а широка 13 метри, депласманот изнесува 2200 тони. Може автономно да функционира до 15 дена. Екипажот го сочинуваат 99 војници. Корветите од Проектот 20385 имаат ракетни системи „Калибар”, противвоздушни ракетни системи „Редут”, радарски и сонарски станици. Имаат и противвоздушни митралези. На бродот може да се постави и специјален хангар за хеликоптери Ка-27.

Прочитајте повеќе: Најстариот брод на Воената морнарица на Русија исплови на маневри во Црното море