Големиот десантен брод „Иван Грен“
mil.ruОва го соопшти Сергеј Михајлов, прес-секретар на Прибалтичкото бродоградилиште „Јантар”, каде е изграден големиот десантен брод. Според него, по завршувањето на тестирањата, претпријатието ќе го доврши бродот и конечно ќе го подготви за влегување во состав на руската Воена морнарица.
Првични беше планирано „Иван Грен” да стапи во состав на руската морнарица до крајот на 2017 година, но државните тестирања беа неочекувано запрени. На бродот се откриени недостатоци кои требаше итно да се отстранат.
Големиот десантен брод „Иван Грен” од Проектот 11711 често се нарекува и „руски Мистрал” по аналогија со француските десантни бродови кои Русија планираше да ги набави, но договорот за продажба беше раскинат од француска страна во 2015 година. „Иван Грен“ може да носи 13 тенкови, 36 борбени возила на пешадијата или оклопни транспортери или 300 војници. На бродот се наоѓаат два хеликоптера Ка-29.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче