Видео: Тестирање на „рускиот Мистрал“

Големиот десантен брод „Иван Грен“

Големиот десантен брод „Иван Грен“

mil.ru
На интернет се појави ефектна видеоснимка од артилериско гаѓање на големиот десантен брод „Иван Грен“ од Проектот 11711. Во тек е државното тестирање на овој брод во Балтичкото море. Топовите со калибар 30 мм на овој најмодерен брод истрелуваат речиси стотина проектили во секунда.

Големиот десантен брод од овој проект се нарекува и „руски Мистрал“. За разлика од претходниот Проект 1171, овој брод е носач на хеликоптери – на палубата има хеликоптерска писта на која е базиран транспортно-борбениот хеликоптер Ка-29 (во случај на потреба тоа може да биде и хеликоптерот за спасување Ка-27).

По завршувањето на сите тестирања на големиот десантен брод ќе биде кренато Андреевското знаме и „Иван Грен“ ќе ѝ биде предаден на Северната флота, соопштува ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Големите десантни бродови од Проектот 11711 се вооружени со универзалните артилериски орудија АК-176М или А190 «Универзал», како и со ротирачките топови АК-630М и АК-630М-2 «Дует» со калибар 30 мм. „Иван Грен” може да носи 13 тенкови, 36 борбени возила за пешадијата или оклопни транспортери, како и морнаричка пешадија.

А зошто руската Воена морнарица се обновува, прочитајте во нашата статија  Руската морнарица се подготвува за долги операции ширум светот

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња