Фотографиите од несекојдневното превозно средство прва на социјалната мрежа Вконтакте ги објави групата „Аноним 03“. Снимени се во квартот број 102.
Предниот дел на автомобилот поради специфичната боја на кабината изгледа како воен теренец, а земен е од возилото ВАЗ-2106. На социјалните мрежи се шегуваат дека на улиците на Улан Уде се движи автомобил од филмот „Лудиот Макс“. Треба да се каже дека недоумицата како припадниците на сообраќајната полиција реагираат на појавата на чудното возило остана нерешена.