Фотографијата на која се наоѓа оваа ракета е прикажана на „Твитер“ профилот „Команданте“, кој ги следи активностите на сириската војска со осврт на новитетите во вооружувањето и воената техника кои се наоѓаат во нејзиниот состав.
Танковая управляемая ракета 9М119 "Рефлекс". Фото: Syrian military capabilities pic.twitter.com/ORYoMqxovK
— Komandante (@KomandanteS17) 15 January 2018
Нејзината основна намена е ефикасно водење борба против сите видови стационарни и подвижни цели на далечини и до 5000 метри. Ракетата се наведува на целта со помош на ласерски сноп. Нејзината просечна брзина при совладувањето на оваа дистанца достигнува околу 300 м/сек. Се карактеризира со спирална траекторија на летот.
Се состои од тандем-кумулативна боева глава со маса од 4,5кг, која може да пробие и до 800 мм тенковски оклоп заштитен со елементи за пасивна реактивна заштита. Помошниот експлозивен боев елемент се наоѓа пред основниот кумулативен сегмента и има задача да го активира динамичкиот оклоп и практично да го расчисти просторот за директен контакт на кумулативниот проектил со основниот тенковски оклоп.
Ракетата е долга 695мм и има маса од околу 17 кг. Компатибилна е со тенковските топови со мазна цевка 2А46-М калибар 125мм.
Борбената употреба на оваа ракета во Сирија е првпат регистрирана уште кон средината на минатата година. При операцијата против исламистичките терористи во провинцијата Хама (офанзивата на Акербат), врз нив е дејствувано и со овие ракети кои речиси со 100% успешност уништија голем број непријателски точкести цели. Дејството го изведуваа тенковите Т-72Б3 кои се наоѓаат во вооружувањето на елитната сириска доброволечка бригада „Пустински соколи“.
Врз база на оваа ракета е развиена нејзината модернизирана варијанта под ознаката „Инвар-М/Рефлекс-М“ која поседува уште подобри способности за пенетрација на тенковски оклоп (850+мм). Покрај стандардната тандем-кумулативна боева главе која е исклучително наменета за борба против непријателските оклопни средства, оваа ракета може да се најде и во верзии кои се опремени со термобарична и распрскувачко-разорна боева глава која има своја примена во борбата против жива непријателска сила.
Оваа ракета се наоѓа во вооружувањето на основните борбени тенкови Т-90, Т-90А и Т-72Б3 кои се ангажирани во воените операции на сириската војска.
Прочитајте: Руската војска им се освети на терористите за нападот на базата Хмејмим
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче