Силите на Сириската Арапска Република, со поддршка од Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија во текот на воената операција го ликвидирале секој трети борец на терористичките организации „Исламска држава“ и „Џебхат ан-Нусра“, изјави во вторникот, 24 мај, заменик-секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Евгениј Лукјанов, пишува „Лента.ру“.
„Според нашите пресметки, на почетокот на нашата работа „Џебхат ан-Нусра ДАИШ (ИД) имаа околу 80 илјади борци. 28 илјади веќе се уништени“, изјави Лукјанов во текот на VII Меѓународна средба на високите претставници за безбедносни прашања.
Тој истакна дека меѓународната коалиција предводена од САД за две години борбени дејствија уништила пет илјади терористи.
Во текот на мај се забележува активирање на групите во Сирија кои не се приклучија на прекинот на огнот склучен на 27 февруари. На пример, „Исламска држава“ ја напаѓаат областа Палмира која претходно беше ослободена од страна на сириската армија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче