Руско оружје се најде на американска топ листа

Противбродска ракета „Москит“

Противбродска ракета „Москит“

Иљдус Гиљазутдинов/Sputnik
Руски ракети и бродови влегоа на ранг листата на петте најдобри новитети на годината.

Американските медиуми направија топ листа на петте најинтересни видови оружје за 2017 година. Експертите ги оценија изминатите 12 месеци како „одлична година за оружјето“.

Како што пишува „Национален Интерес“, на листата на петте најдобри оружја, две се од руско производство.

Аналитичарите меѓу најдобрите „убијци“ ја сместија руската суперсонична ракета „Циркон“. Изданието додава дека таа развива брзина од 4600 милји на час (7400 км/ч) и дека ќе ги уништува целите многу брзо и ефикасно. Поради тоа Британија е загрижена за судбината на своите нови и скапи носачи на авиони, кои руските ракети можат да ги „елиминираат како патки“.

„Циркон“, се чини, сериозно ги уплашил западните експерти. Уште еден вид руска одбранбена техника е поврзана со оваа ракета. Се работи за новите фрегати и корвети кои се вооружени со „Циркони“, што значи дека помалите бродови можат да нанесат многу силен удар.

„Тоа е вистинскиот проблем за воената морнарица, па и за толку големите и скапи бродови како што се носачите на авиони“, пишува изданието.

Во топ петте најдобри спрема американскиот весник се и американската противбродска ракета LRASM, офанзивните дронови и модернизираниот тенк „Абрамс“. По повод тенкот, авторите појаснуваат дека до таа модернизација довела појавата на новиот руски тенк Т-14 „Армата“.

Прочитајте за ракетата „Циркон“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња