Ново: Рускиот спецназ добива извидувачки микродрон помал од тупаница

Слободан Ѓукиќ
Во Русија е развиен тип на микродрон кој е помал од човечка шака. Неговата основна намена е извидување во различни видови борбени и неборбени мисии. Димензиите на ова летало не надминуваат должина од 10-15 см, а може да го собере во дланката на раката, како детска играчка.

Оваа техника е наменета за операции за визуелно извидување, изјави советникот на генералниот директор на АО „Концерн Радиоелектронски технологии“ КРЕТ Владимир Михев. Беспилотното летало со вакви минијатурни димензии може да се користи многу успешно и тоа не само во акции за оптичко извидување, туку и за прислушување. Што се однесува до изгледот на леталото, најверојатно се работи за миникоптер.

Ваква информација се појави во руските медиуми уште кон крајот на 2017 година. Тогаш се зборуваше за развој на минијатурни извидувачки беспилотни летала за изведување различни видови на борбени и неборбени мисии. Неговите размери не се поголеми од крилестите инсекти како што е самовилско коњче.

Се работи за летало кое практично не емитува никаков звук. Многу е лесно за управување и има одлични маневарски способности.

Прочитајте повеќе за Рускиот Спецназ добива беспилотни летала кои се лансираат од рамо

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња