Амфибиското возило „Алеут” има два дела. Во предниот дел се наоѓа енергетскиот модул во кој може да се сместат пет лица, вклучувајќи го и возачот. Задниот дел може да се користи како команден пункт, како блок за спиење или медицински блок. Во него може да се сместат до 15 војници. Возилото може да носи до 2,5 тони полезен товар.
ГАЗ-3344-20 „Алеут” има дизел-мотор, автоматски менувач и систем за греење. Амфибиското возило може да се користи на температура од минус до плус 50 степени Целзиусови. Гасеничното возило е наменето за совладување непрооден терен во тешки климатски услови, а притоа да не врши голем притисок врз тлото. Може да совладува искачување до 35 степени.
Припадниците на моторизираната бригада ќе ги тестираат новите возила на полигон во Мурманската област.
Прочитајте и зановото руско амфибиско возило „Русак-3918”.